Обемни полициски акции во Тајланд по руското предупредување за можни напади

Од:

Тајландските безбедносни сили деновиве се во потрага по поединци и групи кои, можеби, подготвуваат терористички напади во Бангкок и познатите летувалишта во кои престојуваат странци за време на претстојните празници.

Степенот на претпазливост е подигнат по сознанијата на руските контраразузнавачи, кои пресретнале комуникации на групата Исламска држава (ИД), според кои десетина Сиријци се испратени во Тајланд со инструкции од цигхадистите да вршат терористички напади, особено во местата каде што ќе престојуваат туристи од Русија.

Шефот на Националното биро за безбедност на Тајланд, генерал Тавип Нетнијом денеска потврди дека се следат движењата и активностите на лица и групи кои се ставени под сомнеж дека може да извршат терористички акции.

Полицијата вчера, во присусутво на рускиот амбасадор во Бангкок испитувала тројца од Сиријците кои допатувале во Тајланд и кои биле осомничени дека ќе организираат терористички напади, но по распитот тие биле ослободени.

Тајланд е можна мета на искажување на бес на исламистичките радикали поради одлуката на властите да вратат во Кина стотина муслимански сепаратисти, на кои ќе им се суди за непријателски активности против државата. На дел од групата кинески бегалци властите им дозволија да заминат од Тајланд во Турција, но под притисок на Пекинг тие што останаа беа вратени во Кина.

Симпатизерите на исламските сепаратисти беа идентификувани како подметнувачи на бомби во будистички храм во Бангкок, при што имаше многу загинати и повредени.

Информациите од Москва за подготовка на терористички напади во Бангкок, Пукет и Патаја, Тајланд ги доби по почетокот на руските воздушните напади во Сирија, а според тие сознанија инструкторите од ИД навеле дека за време на новогодишните празници во Тајланд ќе има над 250.000 руски туристи и дека тоа е можност за одмазда.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач