Обединетите Арапски Емирати извеле тајни воени удари на Иран

Од:

Обединетите Арапски Емирати извршија воени напади врз Иран, претворајќи се од цел во активен учесник во војната, изјавија извори запознаени со ситуацијата за „Волстрит џурнал“. Со овој потег, монархијата од Персискиот Залив се позиционираше како борбен учесник во конфликтот во кој досега беше најголема цел на Иран, пишува „Волстрит џурнал“.

Според весникот, нападите, кои ОАЕ јавно не ги признаа, вклучуваа напад врз рафинерија на иранскиот остров Лаван во Персискиот Залив. Нападот се случил на почетокот на април, околу времето кога тогашниот американски претседател Трамп објави прекин на огнот по петнеделна воздушна кампања.

Според добро информирани извори, нападот предизвикал голем пожар, а поголемиот дел од капацитетот на рафинеријата бил надвор од функција со месеци.

Потоа Иран објави дека рафинеријата била погодена во „непријателски напад“ и како одговор започна серија ракетни и беспилотни напади врз ОАЕ и Кувајт. Обединетите Арапски Емирати досега беа цел на повеќе од 2.800 ирански беспилотни летала и ракети, многу повеќе од која било друга земја, вклучително и Израел.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Студентка во Иран e осудена на смрт поради објава на социјалните мрежи

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски