Обама во посета на Естонија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска пристигнува во официјална посета на Естонија, каде ќе се сретне и со лидерите на Летонија и Литванија.

Белата куќа соопшти дека Обама во Естонија јасно ќе стави до знаење на Русија дека не смее да врши било какво заплашување на поранешните советски републики, што сега се дел од НАТО.

– НАТО игра водечка улога и обезбеди бројни докази што укажуваат дека Русија интервенирала на начин што претставува кршење на територијалниот интегритет и независност на Украина, изјави претставникот на Белата куќа Џош Ернест.

Обама во главниот град на Естонија Талин ќе се сретне со претседателите на трите балтички држави Естонија, Литавнија и Летонија, што влегоа во составот на НАТО во 2004 година. По Талин, Обама ќе замине во Велс, на Самит на НАТО.

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски