Обама со предност пред Ромни во клучни држави

Од:

Американскиот претседател Барак Обама има мала предност во однос на републиканскиот соперник Мит Ромни во клучни држави во натпреварот за претседателските избори во ноември, се вели во анкета на јавно мислење.

Според анекетата на Галуп, а по порачка на Ју-Ес-Еј-Тудеј, 47 отсто регистрирани избирачи во тие држави имаат намера да гласаат за Обама, а 45 отсто за Ромни. Сондажата ги опфаќа државите Колорадо, Флорида, Ајова, Мичиген, Невада, Њу Хемпшир, Њу Мексико, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Вирџинија и Висконсин. Во принцип тие не се многу на страна ниту на демократите ниту на републиканците, и во многу случаи ги „решиле“ изборите.

Во останатиот дел од САД, Обама води со 48 отсто спрема 44 отсто за Ромни. Предноста е во рамки на статистичка грешка, наведуваат американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД