Американскиот претседател Барак Обама се сретна со кралот на Јордан Абдула Втори изразувајќи лично сочувство за убиството на јорданскиот пилот Муас ал Касасбех од групата „Исламска држава“, соопшти Белата куќа.
Средбата била за затворени врати и на неа присуствувале и американскиот потпретседател Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери.
Претседателот Обама и кралот Абдула изјавија дека убиството на јорданскиот пилот само ќе ја зајакне решеноста на меѓународната заедница да ја уништи ИД.