Американскиот претседател Барак Обама разговараше за текот на реформите во Мјанмар со лидерите на земјата, што ќе ја посети во ноември за учество на азискиот самит.
Обама телефонски разговарал со претседателот на Мјанмар Теин Сеин, а потоа и со опозициската лидерка на Аунг Сан Су Кју.
Американскиот претседател го повика лидерот на Мјанмар да ги заштити правата на малцинствата, како и спроведување на фер и демократски избори идната година, што ќе овозможат претставници на сите малцинства да влезат во парламентот.
Со опозициската лидерка на Аунг Сан Су Кју Обама разговарал за политичките и економските реформи во Мјанмар.