Обама: Проруски сили пукале кон истражувачите, нешто сакаат да сокријат?

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека е неопходно на истражувачите да им се овозможи пристап до местото на падот на малезискиот авион на исток на Украина, а на Русија и порача дека ја има одоговорноста да влијае на проруските сили да ја овозможат истрагата.

Како што пренесе „Ројтерс“, тој рекол дека меѓународните екипи се подготвени да ја спроведат истрагата, но проруските сили продолжуваат да ја блокираат како и пристапот до местото на несреќата.

Screenshot_3

-Мораме да обезбедиме вистината да излезе на виделина и да се знае кој е одговорен за уривање на авионот. Русија и Путин имаат директна одговорност да влијаат на сепаратистите да соработуваат. Кога истражувачите дошле до местото каде што се урна авонот, проруските сили започнале да пукаат кон нив -наведе Обама и запраша дали тие се обидуваат нешто да сокријат.

Американскиот претседател истакна дека се уште верува дека може да се пронајде дипломатско решение за украинската криза.

-Доколку Русија продолжи да ги подржува сепаратистите, тогаш уште повеќе ќе се изолира себе си – предупреди Обама.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија