Обама на КОП26: Не направивме доволно, да се обединиме за да одиме напред

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на КОП26 во Глазгов зборуваше на панел посветен на отпорноста на островите, објави Би-Би-Си.

Тој го започнува својот говор велејќи дека е „островско дете“ и рече дека е горд на работата што ја направил како претседател за островските држави „кои се најранливи на променливата клима.

Обама рече дека не смета дека би имало толку амбициозен договор во Париз во 2015 година доколку не беа слушнати островските држави.

„Како беше точно пред пет години, ние не направивме доволно и нашите острови се позагрозени од кога било“, рече тој, додавајќи дека е горд што американската влада и претседателот Џо Бајден посветуваат „внимание на прашањето што го заслужува“, со тоа што ќе се обврзе да обезбеди 3 милијарди долари за поддршка на најранливите на климатските промени.

Обраќањето го заврши со една хавајска поговорка која гласи: „Обединете се за да одите напред“.

„Тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите островски ресурси, тоа е духот што ни треба за да ги заштитиме нашите народи“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска