Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја откажа средбата со шефот на руската држава Владимир Путин, закажана за следниот месец, соопшти Белата куќа. 


Во соопштението се наведува дека Обама ќе учествува на самитот на Г-20 во Санкт Петерсбург, но оти нема да се одржи билатералната средба со Путин. 


Оваа мерка е одговор на одлуката на Русија да му додели привремен азил на поранешниот соработник на ЦИА и НСА, Едвард Сноуден, кој од САД е обвинет за шпионажа. 


Американскиот претседател во својата агенда за време на престојот во Европа ја вклучил и посетата на Шведска. 


Заменик-советникот за национална безбедност на Белата куќа Бен Роудс изјави дека одлуката на Русија од минатата недела да ги игнорира САД и да му даде привремен азил на Сноуден само ги влошила и онака тензичните билатерални односи. 


– Поради тоа што постои мала веројатност на средбата во Москва да биде постигнат напредок и во однос на други прашања од дневниот ред, претседателот одлучи да ја откаже средбата, додаде Роудс. 


– И натаму ќе соработуваме со Русија во однос на прашања за кои можеме да се најдеме на заеднички терен, но претседателот и неговиот тим за национална безбедност имаа ист став дека самитот нема смисла со оглед на тековната ситуација, нагласи Роудс.


САД планираат денеска и официјално да ја известат руската страна за оваа одлука на претседателот, но не е предвиден директен телефонски разговор меѓу двајцата лидери.


Обама во моментов е во дводневна посета на Калифорнија.

Би можело да ве интересира

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ