Обама: Иран може да стане успешна регионална сила во Азија

Од:

Во опширно интервју за Националното радио, претседателот на САД Барак Обама говори за широк круг теми, меѓу кои нуклеарните преговори со Иран, идните односи со Конгресот и политиката кон Русија.

Иран може да стане „многу успешна“ регионална сила во Азија, ако се согласи на долгорочен договор за нуклеарните програми, изјави тој во интервјуто дадено на 18 декември, а кое треба  да се емитува оваа седмица.

Според претседателот, Иранците треба да ја искористат можноста за договор, бидејќи ако го сторат тоа, со својот талент и ресурси ќе станат многу успешна регионална сила, која ги почитува меѓународните норми и закони, а тоа ќе биде добро за сите.

На прашањето дали ќе ги искористи последните две години од мандатот за да помогне за обнова на земји како Либија, Сирија и Ирак, тој изјави: – Ние може да им помогнеме, но не можеме да го правиме наместо нив.

Тој ја отфрли идејата САД да одделат дополнително еден трилион долари за испраќање на американски копнени единици во Ирак за борба против Исламска држава.

Во однос на Русија, Обама вели дека по прашањето со Украина, САД треба да се цврсти со Русите.

Во исто време, тој истакна дека САД треба да ја зацврстат својата финансиска и економска база, зашто нивната предност пред Русија е во тоа дека имаат динамична економија, а Русите немаат таква. – Тие сметаат на нафтата. А ние сметаме на нафтата, на ај-пад, на продукцијата изводството на филмови и многу други нешта, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол