Обама и вети на Меркел суштинска поддршка за справување со бегалската криза

Од:

Претседателот на САД Барак Обама и ветил на германската канцеларка Ангела Меркел суштинска поддршка за олеснување на бегалската криза на Блискиот Исток и во Европа, соопшти портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.

Двајцата телефонски разговарале синоќа. Меркел ги изложила целите на донаторската конференција во Лондон на 4 февруари за сириските бегалци, на која таа ќе биде копретседавач.

Обама и Меркел се обединиле околу мислењето дека конфликтите во Сирија и Украина можат да бидат решени само со политички средства, додаде Зајберт.

Тие ја разгледале бегалската криза во Европа и се согласиле дека претстојната донаторска конференција во Лондон ќе биде шанса за стимулирање на меѓународните напори по прашањето, наведува Белата куќа во соопштение.

Обама ја известил Меркел, дека планира да организира средба на врвот на лидерите, които ќе учествуваат на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во септември, за да издејствува нови ангажмани за справување со бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул