Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама телефонски разговараа за билатералните односи, безбедноста и ситуацијата со поранешниот соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден, јави ИТАР-ТАСС.
– На иницијатива на американската страна се одржа телефонски разговор меѓу претседателите на Руската Федерација и на САД, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Тој информира дека двајцата лидери размениле мислења за билатералните односи, но и за прашања поврзани со безбедноста.
Песков изјави дека тие разговарале и за ситуацијата со Сноуден, кој веќе три недели се наоѓа на транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, но не изнесе повеќе детали од разговорот.