Обединетите Арапски Емирати го осудија американскиот државјанин и поранешен адвокат на Џамал Кашоги, саудиски новинар кој беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година, на три години затвор под обвинение за перење пари и затајување данок.
Судот во Абу Даби, исто така, му нареди на адвокатот Асим Гафор да плати казна од 816.748 долари во пресудата донесена во негово отсуство, објави ВАМ, државната новинска агенција на ОАЕ.
Државниот весник на ОАЕ „Нешнал“ објави дека Гафор по отслужувањето на казната ќе биде депортиран во САД.
Гафор транзитирал во Истанбул за да присуствува на свадба во четвртокот, кога емиратските безбедносни агенти го фатиле и го испратиле во затвор во Абу Даби пред да може да го смени авионот.
Тој не знаел дека има некаков случај против него и пред неполна година поминал низ Дубаи без проблеми.
Извор: МИА