Во израелски напади извршени од ВВС врз сириски воени цели во викендот загинаа најмалку 15 војници, а неколку десетици се водат како исчезнати, соопшти денеска Сириската невладина организација за заштита на човекови права.
– Најмалку 15 војници загинаа и повеќе десетици се исчезнати по бомбардирањето близу Дамаск, изјави Рами Абдел Рахман.
– На тие тро локации обично се наоѓаат околу 150 војници, но не е јасно дали сите биле таму во време на нападите, додаде тој.