Нуклеарниот отпад ќе остане во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години

Од:

Радиоактивниот отпад од високо ниво ќе се складира во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години поради недоволен капацитет за трајно складирање, изјави шефот на комисијата за отстранување нуклеарен отпад.

Процесот на складирање отпад во последниот склад ќе биде завршен околу 2080 година, а работниот век на привремените складишта истекува многу порано, предупреди Мајкл Сајлер во интервју за новинската агенција ДПА.

– Во Германија имаме 16 објекти за привремено складирање радиоактивен отпад од високо ниво, а повеќето од нив истекуваат помеѓу 2045 и 2046 година, вели Сајлер.

Откако го напушти планот за складирање отпад во солена купола во рудник во Горлебен, Долна Саксонија, германскиот Парламент ја одреди 2031 година како краен рок за наоѓање нова локација.

– Потоа следат постапки за издавање дозволи и градба, кои ќе траат 20-ина години, значи до средината на векот, појасни германскиот експерт.

Тој додаде дека преместувањето на отпадот од привремени во конечни складишта може да трае 30-ина години. – Тоа значи дека постапката за конечно складирање ќе трае од 2050 до 2080 година, истакна експертот.

Последната германска нуклеарна централа треба да биде затворена до крајот на следната година.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот