Италијанскиот новинар Џанлуиџи Нуци во својата книга „Источен грев“ пишува за „мрачните тајни на Ватикан“, а во нив наведува дека Мајка Тереза ја имала најголемата заштеда во Ватиканската банка кога за нејзин претседател е поставен американскиот надбискуп Пол Маркинкус, што дури без нејзините пари банката не би можела да работи.
– Ако Мајка Тереза ги затвореше сметките или ги префрлеше парите во друга банка, институцијата ќе доживееше крах, наведува Нуци, додавајќи оти откриените сметки на Мајка Тереза се „доказ за долготрајното мешање на Маркинкус во Ватикан.
Новинарот пишува дека во времето на Маркинкус постоела моќна група, која што опстојува и до денес и ги блокира реформите на новиот папа.
Нуци има повеќе книги за Ватикан во кои што се откриваат скандалите и неодговорното трошење на парите на верниците.