НСА чува фајлови и за „скршени срца“

Од:

Во електронската комуникација што ја шпионира, американската Национална безбедносна агенција многу повеќе ги надгледува обичните корисници на интернет, вклучувајќи ги и Американците, отколку легалните странски цели, објавува Вашингтон пост.

Според весникот, дури 90 отсто од луѓето чии комуникации се следени, „не биле целна мета туку упаднале во мрежата на НСА поставена за некој друг“. Речиси половина од шпионираните фајлови „содржат имиња, адреси и други детали кои како што назначува НСА, им припаѓаат на американски државјани или други кои престојуваат во САД“.

Весникот открива дека НСА задржувала материјал кои нејзини аналитичари го оквалификувале како „бескорисен“.

– Фајлови содржат приказни за љубовни врски и скршени срца, недозволени сексуални врски, психолошки кризи, политички или верски разговори, финансиски проблеми и згаснати надежи, тврди весникот.

Меѓутоа, дел од фајловите имаат материјал од голема разузнавачка вредност, како што се откритија за нуклеарни проекти, дволични игри на сојузници.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија