Новозеландската премиерка ги скрати платите на цела Влада

Од:

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, себе си и на министрите ќе ги намали платите за 20 проценти во текот на следните шест месеци, во услови на пандемија на коронавирус, јави германската агенција ДПА.

Таа најави намалување на платите и за шефовите на јавните служби.

– Станува збор за челници. Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разни позиции, сега е тој момент, рече таа на денешната прес-конференција.

Премиерката појасни дека нема намалување на платите за вработените во јавните служби на првата линија, полицајците и здравствените работници.

Ардерн годишно заработува околу 247 илјади евра, а министрите околу 165 илјади евра.

На Нов Земалд од новиот коронавирус се заразени 1.386 лица, а деветмина се починати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска