Новозеландска компанија и се извини на Кина поради извоз на млечни производи со опасна бактерија

Од:

Новозеландската компанија „Фонтера“ и упати „длабоко извинување“ на Кина откако во млечните производи кои ги извезла на нејзиниот пазар е пронајдена опасна бактерија која предизвикува ботулизам.

– Длабоко се извинуваме на сите кои се погодени, изјави во Пекинг извршниот директор на „Фонтера“ Тео Спрингс. Тој истакна дека „Фонтера“ издала предупредување со што со тестови е утврдено дека во нејзините млечни производи се наоѓа бактерија која предизвикува опасна болест.

Кина и Русија го стопираа увозот на млеко во прав и други млечни производи од Нов Зеланд поради опасност од ширење ботулизам.

Двете земји ја донесоа одлуката откако „Фонтера“ вчера соопшти дека повлекува 1.000 тони млечни прозводи затоа што на тестовите е утврдено присуство на бактерија која ја предизвикува тешката болест ботулизам.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд