Новото нуклеарно оружје во Германија бара контрамерки на Русија

Од:

Одлуката на Германија на своја територија да распореди американско нуклеарно оружје ги зголемува тензиите во Европа, го нарушува стратешкиот баланс и ја принудува Русија да преземе мерки за заштита на својата национална безбедност, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Тоа е уште еден чекор, за жал, мошне сериозен, во насока на зголемување на тензиите на европскиот континент, истакна тој.

Песков меѓутоа не наведе кои се тие конкретни возвратни мерки на Москва.

– Тоа се чекори потребни за обезбедување на националната безбедност и воспоставување на стратешки паритет, рече тој.

Претходно германската телевизија ЗДФ објави дека во авиобазата на германските вооружени сили (Бундесверот) во градот Бухел во покраината Рајнланд-Пфалц, деновове почнуваат подготовки за разместување на нови американски атомски бомби.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски