Социјалната мрежа Фејсбук прави постојани промени за да ги задржи и анимира старите корисници. На ред стигна страната за логирање.
За новиот изглед и можностите на “Log In” страната засега нема многу информации.
Сепак, некои од корисниците забележаа дека таа сега има голема слика прикажана на целиот екран, различен распоред на “Log In” информациите и нов дизајн на елементите.
Според неофицијалните информации кои може да се прочитаат на интернет, новата страна, по случаен избор, ќе ги бира јавно достапните фотографии на своите корисници, кои ќе дадат одобрение за тоа, и со тоа истата постојано би се менувала и би прикажувала различна слика.
Тоа ќе ја направи страната и подинамична и интересна, а истовремено би требало на неа да се прикажуваат и реклами.