Четирите партии на новата владина коалиција во Словачка се договори за поделба на функциите во Владата и Парламентот, објави синоќа Роберт Фицо.
Како што јави дописникот на МИА, мнозинството на министерски места ќе го добијат Социјлните демократи (СМЕР-СД) на актуелниот премиер Роберт Фицо, кој во изминатите четири години, владееше со апсолутно мнозинство.
Партијата на Фицо ќе добие 9 од 15 министерства, вклучувајќи ја премиерската функција, Министерството за надворешни работи, финансии, внатрешни работи и стопанство. Ќе има и потпретседател на Владата за инвестиции, кој влијае во областа на европските фондови.
Иако Фицо не спомена имиња, се претпоставува дека тој ќе ја задржи премиерската функција, би останал и досегашниот шеф на дипломатијата Мирослав Лајчак, министерот за внатрешни работи Роберт Калињак и Петер Кажимир, министерот за финансии. Останатите три партии, десничарските партии Мост- Хид, Мрежа и националистичката СнС ќе поделат 6 министерски места и функцијата претседател на Парламентот.