Ново пукање во Париз, застрелан полицаец

Од:

Полицаец и метач на улици денес беа застрелани во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе.

Дел од француските медиуми објавуваат неофицијални информации дека ранетата полицајка им подлегнала на повредите.

Напаѓачот во денешниот инцидент што се случи пред зори уште е во бегство, рече францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.

Тој предупреди да не избрзува со донесување заклучоци во врска со нападот што не го поврзуваат со нападот врз неделникот “Шарли ебдо” во кој меѓу загинатите имаше двајца полицајци.

Во денешниот вооружен напад полицаецот запрел за сообраќајна незгода кога почнало пукањето.

Париската полиција рече дека втората жртва бил метач на улици.

“Имаше полицаец пред белиот автомобил и маж кој трчаше и пукаше”, рече Ахмед Саси кој го видел пукањето од неговиот дом што се наоѓа во близина.
Тој додаде дека напаѓачот носел темна облека, но не носел маска.

“Не ми изгледаше како големо оружјето што го носеше бидејќи го држеше со една рака”, рече тој.

Казенев денес излезе од итната седница на владата за да отиде на местото на инцидентот.

Во Франција алармот за опасност по безбедноста е подигнат на највисоко ниво по смртоносниот напад врз редакцијата на неделникот “Шарли ебдо” во централен Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата