Ново барање за исклучување на партијата на Виктор Орбан од Европската Народна партија

Од:

Тринаесет партии членки на Европската народна партија, најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа на исклучување на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА.

Во писмото упатено до претседателот на ЕНП, Доналд Туск се вели:

-Бараме исклучување на„ Фидес“ од ЕНП (…) Случувањата го потврдија нашето убедување дека Фидес со своите сегашни политики не може целосно да има корист од членството во ЕНП, пишуваат потписниците на ова писмо.

Меѓу потписниците се претседателите на 13 од 82-те партии членки на ЕНП. Сепак, ниту една од најголемите политички партии, особено германската ЦДУ и Шпанската народна партија, не се приклучија на ова барање.

Барањето на овие тринаесет партии ќе му овозможи на Доналд Туск да започне постапка за исклучување. Ова ќе биде трет пат да се разговара за вакво барање во врска со партијата на Виктор Орбан. Претходните обиди пропаднаа затоа што неговите сојузници во ЕНП, особено ЦДУ, одбија да гласаат за исклучување.

Инаку Фидес е суспендирана од ЕНП од март 2019 година.

Би можело да ве интересира

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер