Новиот шеф на Пентагон сугерира: Време е да се вратиме дома, сите војни мора да бидат запрени

Од:

Новиот шеф на Пентагон, Кристофер Милер, сигнализираше дека може да го забрза повлекувањето на американските трупи од Авганистан и од Блискиот исток.

– Време е да се вратиме дома. Сите војни мора да бидат запрени, рече тој.

Тоа е прв коментар на вршителот на должноста американски министер за одбрана од понеделникот, кога претседателот Доналд Трамп објави дека го разрешува министерот за одбрана Марк Еспер.

Сепак, Милер истакна дека САД се посветени на поразувањето на Ал Каеда, 19 години по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Според него, групата е близу до пораз.

– Многумина се уморни од војни – јас сум еден од нив, напиша тој во соопштение,објавено денеска на веб-страницата на Министерството за одбрана.

– Но, ова е критична фаза во која нашите напори се префрлаат од раководство во придружни улоги. Завршувањето на војните бара компромис и партнерство. Се соочивме со предизвик: дадовме се од себе. Сега е време да се вратиме дома, повика тој.

Милер не прецизираше кои контингенти на САД ќе се повлечат, но индикација за Ал Каеда сугерира дека станува збор за Авганистан и Ирак, јавија маерикански медиуми.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Ако Украина остане без американска помош, ќе мора да направи избор

Горан Наумовски

Пентагон: Дрон од Иран погоди танкер во Индискиот Океан

Волстрит журнал: САД призна дека на Пентагон му снемуваат пари за вооружување на Киев

Горан Наумовски

Пентагон: Спречен е поширок конфликт во регионот

Пентагон: Украина стана воена лабораторија

Гардист се обиде да уништи докази, обвинет за објавување доверливи информации

Горан Наумовски