Новиот романски претседател Клаус Јоханис положи заклетва

Од:

Новиот романски претседател Клаус Јоханис денеска положи заклетва пред Парламентот, со што официјално стапи на должност.

Јоханис (55), кој во вториот круг на претседателските избори на 16 ноември го победи противкандидатот, актуелниот премиер Виктор Понта, истакна дека ќе биде претседател на сите Романци.

– Романците на изборите 25 години по падот на комунизмот уште еднаш направија да триумфира демократијата, посочи Јоханис.

Тој вети добри односи со САД, со ЕУ и посебно со Германија.

Со инагурацијата на Јоханис заврши 10-годишната власт на претходниот претседател Трајан Басеску.

Јоханис е припадник на германското национално малцинство во Романија и беше градоначалник на Сибиу.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница