Новиот „премиер“ на Ватикан ја презеде функцијата

Од:

Италијанскиот архиепископ Пијетро Паролин денеска ја презеде функцијата „премиер на Ватикан“.

Тој стана државен секретар на Ватикан, кој е втор по важност во хиерархијата на Римокатоличката црква по папата.

Папата Франциско го објави именувањето на Паролин на 31 август. На оваа функција досега се наоѓаше италијанскиот кардинал Тарчизио Бертоне, кој беше многу критикуван за време на неговиот осум годишен мандат, но беше силно заштитуван од претходниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

Од Паролин, кој беше амбасадор на Ватикан во Венецуела, се очекува помалку да се меша во внатрешните работи на Италија и да се осврне на меѓународната дипломатија и реформите во Црквата.

Педесет и осумгодишниот Паролин е најмладиот државен секретар во последните 70 години, но се смета за исклучително добро запознат со внатрешните дела на Ватикан.

Тој е свештеник од 1980 година и епископ од 2009 година. Работел како амбасадор во Нигерија и Мексико, а од 2002 до 2009 година е заменик министер за надворешни работи на Ватикан.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска