Новиот премиер на Шри Ланка Ранил Викрамасинге положи заклетва, соопшти прес службата на претседателот Готабаја Раџапакса, кој се соочува со големи протести на кои се бара негова оставка поради продлабочувањето на економската криза во земјата.
Високиот опозициски пратеник Ранил Викрaмaсинге (73) положи заклетва да ја предводи предложената меѓупартиска влада. Потегот уследи откако претседателот ги игнорираше повиците да поднесе оставка и при обраќањето до нацијата вети дека ќе воспостави ред, пренесува Би-Би-Си..
Девет лица загинаа, а 200 се повредени во немирите откако неговиот брат во понеделникот поднесе оставка од премиерската функција.
За време на неговото обраќање, Раџапакса рече дека ќе назначи нов премиер кој има мнозинство од поддршката во парламентот, како и нов кабинет. Викрaмaсинге е на политичката сцена на Шри Ланка со децении – ова ќе биде негов шести мандат како премиер, иако никогаш не отслужил цел мандат.
Но, тој моментално нема голема поддршка во опозицијата или во јавноста.
Извор: МИА