Новиoт премиер на Мали формираше влада

Од:

Новиот премиер на Мали Џанго Сисоко, назначен на функцијата од претседателот Дионкунда Траоре, формира влада. Тој на ова место доаѓа по присилното отстранување од функцијата на поранешниот премиер шеик Модибо Диара, чие заминување го бараше воениот врв, пренесоа француските медиуми.

Во новиот кабинет на Мали силни позиции заземаат приврзениците на лидерот на превратниците Амаду Саного, кој во март годинава го собори претседателот Амаду Тумани Туре. По негова наредба неделава беше уапсен и оставка поднесе досегашниот премиер на Мали Модибо Диара, соопштија руските медиуми.

По воениот преврат во Мали настана хаос, што доведе до заземање на северниот дел на оваа африканска земја од исламистите и племињата на Туарезите.

Уапсениот премиер Диара беше приврзеник на идејата во земјата да бидат пуштени воени единици на Економската унија на земјите од Западна Африка за враќање на контролата на владата врз северните региони на Мали. Воениот врв во земјата,меѓутоа, се спротивстави на ова сценарио, соопштувајќи дека сам ќе ги реши сите проблеми.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска