Претседателот на Јужна Кореја Мун Џaе-ин го назначи авијацискиот генерал Џеон Киеон-ду за нов министер за одбрана, со задача да работи на подобрување на односите со Северна Кореја.
Џеон е познат како поборник на засилување на јужнокорејската одбрана како одговор на севернокорејската нуклеарна програма.
Двете земји ги интензивираа средбите, особено по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Двете Кореи договорија намалување на бројот на воени пунктови по должината на границата и други мерки на доверба.