Новиот израелски премиер е милионер и националист, поранешен војник-специјалец

Од:

Членовите на израелскиот парламент, Кнесетот, ѝ изгласаа доверба на новата коалициска влада која ќе ја предводи некогашниот војник-специјалец, милионерот и националист Нафтали Бенет.

Со одлуката на пратениците се става крај на „ерата на Нетанјаху“, по 12 години владеење на кабинети во кои тој беше премиер.

Како дел од коалицискиот договор, Бенет, кој е од партијата Нова десница, ќе биде на позицијата премиер во првите две години од владиниот мандат, а потоа ќе биде заменет од Јаир Лапид, од партијата Јеш Атид.

Бенет е бизнисмен и милионер, кој богатството го стекнал претежно во САД, како развивач на софтвер и инвеститор во технолошки компании. Западните медиуми го опишуваат Бенет како десничарски политичар и противник на идејата за две држави (Израел и Палестина). Тој е поранешен припадник на специјалните сили на израелската војска. И покрај тоа што неговата партија освои само седум места во 120-члениот парламент, Бенет стигна до позицијата, која му ја нудеа и Нетанјаху и Лапид, поради тоа што Нова десница беше тегот кој претежна за да биде воопшто можно создавањето на новата влада.

Нафтали Бенет е роден во градот Хаифа, а неговите родители се емигранти од САД. Токму како и Нетанјаху, тој служел во специјалната единица на израелските вооружени сили, Сајрет Маткал, која се ангажира за специјални операции, ослободување заложници и фаќање на луѓе кои се сметаат за непријатели на Израел, пишуваат медиумите.

Бенет своевремено беше сметан за штитеник на Нетанјаху, а му беше и шеф на кабинет на поранешниот премиер од 2006 до 2008 година. Но, двајцата подоцна политички се разотидоа, Бенет ја напушти владејачката партија Ликуд и во меѓувреме беше пратеник во Кнесетот, од Еврејската матична партија. Политичарот потоа служеше и како министер за дијаспора, за образование и за одбрана во разни владини структури до 2020 година. Бенет и неговата новоформирана партија често се нарекуваат ултранационалисти, но тој самиот себеси се смета за „обичен“ националист, како и Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа