Новиот италијански претседател Серџо Матарела положи заклетва

Од:

Новиот италијански претседател и досегашен судија на Уставниот суд Серџо Матарела денеска положи свечена заклетва, со што официјално ја презема должноста претседател од Џорџо Наполитано.

Италијанските пратеници на 31 јануари го избраа Матарела (73) за нов, 12. претседател на Италија.

Матарела, поддржан од премиерот на Италија Матео Ренци, беше избран по три неуспешни круга глалсање во италијанскиот Парламент. Тој во четвртиот круг гласање доби 665 гласа од италијанските пратеници, што е повеќе од потребните 505 гласа, односно просто мнозинство неопходно за избор на претседател во четвртиот круг од гласањето.

Изборот на Серџо Матарела за нов претседател на Италија покажува дека премиерот Матео Ренци, кој го поддржа, има цврста контрола над партијата, што има 415 пратеници во италијанскиот парламент.

Серџо Матарела, кој е член на владејачката Демократска партија е поранешен демохристијанин од Сицилија, што влегува во парламентот откако неговиот постар брат Пјерсанти беше убиен од мафијата во 1980 година.

Досегашниот претседател Џорџо Наполитано (89), што на функцијата претседател беше девет години, на 14 јануари поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале