На годишниот I\O настан што ќе се одржи од 15 до 17 мај 2013 година Гугл ќе ја открие новата верзија на Андроид, односно 5.0 која го носи името Key Lime Pie.
По промоцијата на Android 4.1 Jelly Bean сите очекуваа наредната верзија да се појави подоцна, но во меѓувреме излезе верзијата 4.2 која е само надополнување на Jelly Bean и дојде заедно со новите Nexus уреди.
Непознато е што точно ќе понуди новата верзија на Андроид, Key Lime Pie, меѓутоа, се шпекулира дека ќе содржи подобрена поддршка за повеќе акаунти, како и напреден интерфејс.