Новинарските здруженија на Хонг Конг со критика за новите правила за акредитација

Од:

Здружението на новинари на Хонг Конг (ХКЈА) денеска одржа прес-конференција заедно со синдикатите и другите медиумски асоцијации, доведувајќи го во прашање новото правило за акредитација на новинарите во градот, јави ДПА.

Со новите упатства, според кои се укинаа акредитациите на ХКЈА и Асоцијацијата на фотографи на Хонг Конг (ХКППА), полицијата в градот сака да се обиде да ги ограничи „лажните репортери“ на јавните настани, поточно на протести, и да им се скрати правото на известување на студентите новинари и на слободните новинари (freelancers).

Полицијата во вторникот испрати писмо до четири клучни медиумски здруженија во Хонг Конг, во кои ги извести за одлуката, наидувајќи на силна медиумска реакција.

Новинарите кои не можат да се регистрираат според новиот правилник, може да се соочат со ограничувања и казни кога ќе работат на терен. Тие сега се соочуваат со исклучување од покривање на прес-конференции, па дури и ризикуваат апсење доколку известуваат без новото одбрение од владата.

Целата медиумска индустрија во Хонг Конг вчера многу критички изреагира на новите правила, додава ДПА.

Клубот за странски дописници, кој со соопштение „силно се спротивстави на развојот на настаните“, доби писмена опомена од кинеското Министерство за надворешни работи во Хонг Конг, кое им порача „да престанат да се мешаат во работите на Хонг Конг“.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше