Новинарот на Ал Џазира се откажа од егиетското државјанство за да биде на слобода

Од:

Еден од двајцата новинари на Ал Џазира кои се во затвор во Египет, Мохамед Фахми се откажа од египетското државјанство за да биде ослободен како странец.

Фахми има двојно египетско и канадско државјанство, па за него може да се применат одредбите од декретот на претседателот Абдул Фатах ал Сиси, од ноември минатата година со кој се определува депортацијата на затвореници странци.

Братот на Фахми тврди дека египетските власти му рекле дека ако сака да биде пуштен од затвор, ќе треба да се определи меѓу египетското државјанство и слободата.

Нема потврда за ваквото тврдење,но новинарот Фахми,а пред тоа и властите во Канада,порачаа дека сега е најважно тој да биде ослободен.

Ваквата постапка на египетските правосудни власти беше применета и за првиот новинар од „тројката на Ал џазира“ Австралиецот Питер Гресте, кој како странец беше ослободен и депортиран.

Останува неизвесна судбината третиот осуден Бахер Мохамед, продуцент во каирското дописништво на оваа пан-арапска телевизиска компанија од Катар. Тој нема странско државјанство и за него не може да се применат одредбите од претседателскиот декрет, што од почетокот на оваа година, владата на Египет ги претвори во законски текст.

Тројцата новинари беа уапсени во декември 2013, обвинети за соработка и помагање на забранетата исламистичка организација Муслиманско братство.

Тие ги отфрлуваа обвинувањата, бранејќи се дека само ја извршувале својата новинарска работа. Но во Каиро се верува дека новинарите се употребени во острата расправија и несогласувањата меѓу Катар, каде е седиштето на телевизијата и властите во Египет, по тргањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси кого Доха и катарската Ал џазира го поддржуваа.

Би можело да ве интересира

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

Египет бара формирање независна држава Палестина

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег