Новинари го обвинуваат „Дејли Телеграф“ комерцијализација на текстовите

Од:

Десетина новинари на угледниот британски весник „Дејли Телеграф“ го обвинија раководството на редакцијата дека ги прилагодува новинските написи кон комерцијалните зделки и според интервенциите на деловните партнери.

Нездоволните новинари, на кои им се сугерирало да не пишуваат теми кои „нема да бидат пријатни“ за комерцијалните партнери и кои ќе го предизвикаат нивното незадоволство, објаснуваат дека вакви работи се случуваат и кога станува збир за теми кои се однесуваат на Кина или Русија, за филмски дистрибутери или за работењето на некои банки.

Редакцијата на весникот ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека не е точно оти рекламите влијаат врз содржината на новинските написи, но одби да даде коментар за забелешките на новинарите.

Незадоволството во „Дејли Телеграф“ се појави во јавноста кога познатиот коментатор и аналитичар Питер Оборн, поднесе оставка и ја напушти редакцијата. Тој јавно обвини дека комерцијалните зделки на весникот влијаат врз неговите написи.

Освен Оборн, се огласија уште десетина други новинари во разни сектори кои признаа дека „имале проблеми“ при пишувањето на текстовите. Нивните забелешки открија дека редакцијата во една прилика ја изменила оценката за еден детски филм, давајќи му три ѕвездички наместо две колку што определил филмскиот критичар, само поради комерцијални причини. Тоа било направено под притисок на дистрибутерот на филмот, кој имал закупено голем рекламен простор во „Дејли Телеграф“.

Во друга прилика биле ублажувани позициите на новинарот за британската „Кралска Банка на Шкотска“ (РБС), затоа што таа била „силен комерцијален партнер“ на весникот.

Новинарите се неаздоволни и поради молчењето на весникот за скандалот со швајцарската филијала на банката ХСБЦ, околу помагањето на нејзините клиенти да избегнат плаќање данок во своите земји.

Незадоволствто на коментаторот Оборн избувна околу неговите написи за случувањата во оваа банка, за кои „Дејли Телеграф“ има впеќатливо најмалку прилози, за разлика од сите други британски весници.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on