Новинар убиен на плажа: Директорот на мексикански портал е втора жртва од медиумите во таа земја за седум дена

Од:

Мексикански новинар е убиен вчера во Акапулко, познато мексиканско одморалиште на брегот на Тихиот Океан.

Ова го соопшти регионалното обвинителство кое го потврди убиството на вториот новинар за една недела во Мексико.

Директорот на локален информативен портал Нелсон Матус е убиен на паркинг во близина на продавница крај океанот, извести обвинителството и соопшти дека отворило истрага за кривично дело убиство со огнено оружје.

Нелсон Матус работел 15 години како новинар, главно известувајќи за насилството што ја потресува југозападната мексиканска држава Гереро, изјави претставникот на Репортери без граници во Мексико, Балбина Флорес.

Според Репортери без граници, од 2000 година во Мексико се убиени 150 новинари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ураган го погоди Мексико, 27 мртви

Катерина Ѓуровски

Најмалку 27 загинати во Мексико по ураганот Отис

ВИДЕО: Се урна покрив за време на миса во Мексико, најмалку деветмина загинати

Катерина Ѓуровски

Во Мексико: Распарчени тела пронајдени на повеќе локации, пораки оставени крај телата

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Мексико, шест во Гватемала

Границата на САД и Мексико е најопасниот премин на светот: Стотици мртви и исчезнати