Нови верски судири на Мали, над 115 мртви

Од:

Претставници на племето Фулани, во централниот дел на Мали, соопштија дека бројот на загинатите во нападот изведен од милицијата се искачил на 115, а меѓу нив имало и бремени жени и деца.

Абдул Азиз Диало, претседател на групата, соопшти дека бројката е откако ги примил деталните информации од локалните власти. Претходно беше соопштено за 60 мртви.

Во нападот е убиен и поглаварот на селото Огасагуа, заедно со неговите внуци.

Молаје Гуиндо, локален градоначалник, вели дека очигледно станува збор за етнички мотивиран напад.

-Мажи, облечени како ловци Донзо, го нападнаа селото во близина, дополни Гуиндо.

Тој дополни дека селото Огасагуа е целосно уништено.

Неименуван жител на селото верува дека нападот бил одмазда за нападот во кој минатата недела загинаа 23 војници, а одговорност за тоа вчера ја презеде организација поврзана со Ал Каеда. Ти, пак, велат дека се одмаздувале за насилствата кои војската на Мали ги извршила врз припадниците на малцинството Фулани.

Локалните власти, од своја страна, велат дека во прашање е „масакр на цивили од заедницата Фулани” и оти го извеле традиционални ловци од ривалската заедница Догони. Фулани се номади кои се занимаваат со сточарство и трговија. Догони се познати како ловци, а во светот по верските ритуали и танцувањето под маски.

Догоните ги обвинуваат Фуланите дека ги поддржуваат џихадистите поврзани со терористичките групи на северот на земјата. Фуланите, пак, ги обвинуваат Догоните дека ја поддржуваат војската на Мали.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска