Нови тензии покрај брегот на Оман

Од:

Капетанот на танкер пријавил експлозија во близина на неговиот брод покрај брегот на Оман, соопшти денес Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO).

„Бродот и екипажот се безбедни. На бродовите им се советува да продолжат со претпазливост и се повикуваат да пријават каква било сомнителна активност“, се вели во соопштението на UKMTO.

Инцидентот се случил 20 наутички милји (37 километри) североисточно од Хасаб, Оман.

Извештајот доаѓа откако Иран во неделата соопшти дека е близу до постигнување договор со Оман за нова бродска рута низ Ормутскиот теснец, само неколку часа откако САД откажаа голем планиран напад и дозволија дипломатски контакти.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави за државната телевизија дека договорот со Оман за нова бродска рута низ Ормутскиот теснец е близу.

Сепак, тој нагласи дека таков договор не значи повторно отворање на водниот пат.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност