Нови судири избија во Хонг Конг откако демонстрантите се обидоа да го вратат претходно разурнатиот камп од полицијата во предградие на градот.
Полицијата употреби солзавец и палки со цел да ги растера демонстрантите кои се обидоа да ја заземат главната улица во Манкок, во континенталниот дел на Хонг Конг, каде што кампираат веќе три недели.
Главниот администратор на Хонг Конг, Лјан Чунин вчера се обиде да најде излез од кризата, предизвикана од протестите на студентите за отпочнување на демократски реформи. Тој предупреди дека полицијата и понатаму ќе ги расчистува местата на протести.