Нови судири меѓу демонстранти и полиција во Чиле

Од:

Во Чиле повторно избија судири меѓу демонстранти и полицијата, поради што се уапсени стотина луѓе и затворени се некои метро станици во главниот град Сантјаго.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, демонстрантите ги запалиле барикадите на неколку главни улици, поради што некои автобуски линии времено биле затворени.

Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел напиша на Твитер дека полицијата уапсила 283 лица по судирите во кои демонстрантите фрлале камења и цигли кон безбедносните сили.

Блумел нагласи дека во немирите биле повредени 76 полицајци и нападнати  се неколку полициски станици.

Судири имало и во чилеанските градови Антофагаста, Темуко и Консепсион.

Во Чиле во октомври минатата година избија протести, кои траеја се до средината на декември поради социјалната неправда и нееднаквост.

Според официјални податоци, најмалку 31 лице загина, илјадници се повредени и десетици илјади приведени во тогашните протести.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски