Стотици демонстранти се собраа денеска во Хонг Конг, кои, според најавите, ќе се упатат кон американскиот конзулат за да го повикаат претседателот Доналд Трамп да го „ослободи“ овој град под кинеска власт.
Демонстрантите носат американски знамиња и транспаренти со кои апелираат за помош од САД.
Американскиот државен секретар Марк Еспер вчера ја повика кинеската влада да покаже воздржаност во Хонг Конг. Еспер изјавата ја даде во Париз во време кога полицијата во Хонг Конг со солзавец ги спречи демонстрантите да го блокираат аеродромот.
Шефицата на администрацијата на Хонг Конг Кери Лам, во текот на изминатата недела ги соопшти отстапките со цел прекин на протестите, вклучувајќи и официјално повлекување на непопуларниот закон за екстрадиција, што ги иницираше протестите кои траат веќе три месеци.