Нови протести на шиитите во Бахреин

Од:

Во главниот град Манама, како и во другите места, избувнаа демонстрации и улични немири на мнозинските локални шиити, против власта на малцинските сунити кои управуваат со кралството Бахреин.

Новиот бран протести го предизвика апсењето на шиитскиот опозициски лидер,шеикот Ал Салман, што се интензивираа откако тој беше обвинет за „потикнување насилство и омраза, за изнудување политички промени“.

Државниот обвинител Наеф Јусуф Махмуд изјави дека шеикот ќе остане во притвор се додека трае истрагата.

Апсењето уследи по серијата политички соопштенија на Ал Салман во кои тој бара оваа мала островска земја во Персискиот Залив,богата со нафта,да се трансформира во уставна монархија.

Водечкиот политички активист во земјата, Мариам ал Хаваиа изјави дека одлуката на властите да се уапси шеикот претставува „многу сериозна ескалација“ на долгата политичка криза во Бахреин.

Ова кралство, во кое живеат околу 600 илјади луѓе, се најде во длабока политичка криза,кога шиитите во февруари 2011 година, поттикнати од т.н. „арапска пролет“ во низа земји на Северна Африка и Блискиот Исток,побараа повеќе вистинска демократија.

Локалните шиити сметаат дека тоа може да се постигне со рамноправна распроделба на власта,обвинувајќи го семејството Ал Калифа кое управува со земјата дека сака целата власт сака да ја задржи за себе и за малцинските сунити на кои им припаѓа.

Протестите во Манама беа брутално задушени, а најмалку 90 лица од тогаш се убиени во протестите и уличните немири, судирајќи се со силите на безбедноста. Западот кој застана отворено зад опозицијата во Тунис, Либија, Египет и Сирија, иако таму нескриено се бараше промена на власта, никогаш така не ги подржа и шиитите и нивните опозициски партии во Бахреин.

Шиитите во земјата претставуваат 60 отсто од вкупното население, но со земјата управува сунитско кралско семејство, а припадниците на оваа верска заедница доминираат во власта на земјата.

Од 1931 година,кога на островот е откириена нафтата, шиитите постојано се жалат дека се граѓани од втор ред, дека се дискриминирани и дека невработеното неселение, главно, го сочинуваат шиитите.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска