Нови немири на југот на Тајланд

Од:

Тајландската Влада е решена да воспостави траен мир на југот на државата во провинцијата Патам, што се граничи со Малезија, која е доминантно населена со жители од муслиманска вероисповест, изјави денеска министерот за одбрана на Тајланд, Правит Вонгсуван.

Оваа изјава е резултат на обновените суири меѓу муслиманите и будистите во овој регион, кои траат со децении, а како резултат на немирите до сега се убиени над 5.700 лица.

Немирите беа обновени минатиот петок, кога во бомбашки напад на три ресторани загина една жена, а имаше и повеќе ранети. Нападот го извршиле исламски милитанти по кои трага полицијата.

Ова е втор посериозен судир меѓу будистите и муслиманите годинава. Во провинцијата Патам, на почетокот на годинава, по изјавата на една жена будистка дека е силувана од тројца мажи – муслимани, избија крвави нереди со голем број загинати и повредени.

Иако подозна се покажа дека жената лажела, напнатоста во овој регион тлееше, а полицискиот час во Патам траеше неколку недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач