Меѓународен тим на астрономи, предводен од д-р Џоел Кастнер од институтот за технологија Рочестер, направи спектакуларни фотографии на четири планетарни небули – NGC 6543, исто така позната како “Мачкино око”, NGC 7662 (небула Грутка), NGC 7009 (небула Сатурн) и NGC 6862 .
Фотографиите се направени со помош на вселенскиот телескоп “Чандра” за време на истражувањата на блиските планетарни маглини кои се формираат кога ѕвездата која умира го отфрла нејзиниот надворешен, гасен слој.
“Чандра”, го посматра универзумот во кратки бранови должини на светлината на X-зраците. Нејзините податоци, во розова боја, комбинирани се со оптиката на вселенскиот телескоп “Хабл” во црвена, зелена и сина боја.