Шокантни документи на ФБИ за поврзаноста на Трамп со Епстин

Од:

Документ објавен од Министерството за правда на САД, како дел од објавувањето на околу три милиони материјали поврзани со случајот Џефри Епстин, содржи дојава доставена до ФБИ во 2016 година во која сведок изнесува сериозни обвинувања против тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Во извештајот, потпишан под закана за кривично гонење за лажно сведочење на 18 јуни 2016 година, лице кое се претставило под псевдонимот „Тифани Доу“ тврди дека „лично било сведок“ како Трамп упатил закана кон тужител во судска постапка, предупредувајќи дека ќе „исчезне“ доколку јавно проговори, како и дека е способен да му го убие целото семејство.

Во документот се наведува дека сведокот тврдел оти бил вработен кај Џефри Епстин во периодот од 1990 до 2000 година и дека за време на тоа вработување бил сведок на физичко и сексуално злоставување на малолетни девојчиња, наводно извршено од Епстин и негови гости, меѓу кои се споменува и Трамп. Во извештајот се наведува и дека Епштајн лично му се заканувал дека ќе го убие него и неговото семејство доколку ги открие тие информации.

Објавувањето на документите предизвика нов бран медиумски анализи и истражувања, при што се појавија и други дојави и тврдења поврзани со наводна сексуална злоупотреба на деца, кои биле проследени до ФБИ за понатамошна проверка. Меѓу нив е и тврдење дека соработничката на Епстин, Гислен Максвел, наводно се обидела да посредува меѓу млада девојка и Трамп.

Трамп со години се соочува со јавен притисок поради неговата поранешна врска со Епстин, кој во минатото изјавил дека му бил близок пријател. Според медиумски извештаи и судски документи, Трамп летал со приватниот авион на Епстин најмалку седум пати во текот на 1990-тите години, а во документи објавени во декември се наведува дека можеби поминал часови со една од жртвите на Епстин во неговиот дом.

Доналд Трамп ги негира сите обвинувања за каква било кривична активност поврзана со Џефри Епстин. Во моментов против него не се води кривична постапка поврзана со овие тврдења.

Би можело да ве интересира

Нова жртва: Епстин ме испрати во Велика Британија да имам секс со принцот Ендрjу

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“

Трамп: Планирам да разговарам со Иран

САД се заканија со санкции за земјите кои и испорачуваат нафта на Куба

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Трамп има три опции против Иран: Сите се ризични, но нема враќање назад – една е дефинитивно најсигурна