Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега Владимир Путин за време на разговорот во Алјаска, кој му рече дека рускиот јазик и канонската Украинска православна црква се забранети во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министерот во интервју за турските медиуми истакна дека за време на разговорот на лидерите во Алјаска, тие разговарале и за правата на Русите, кои се целосно прекршени во Украина.

– Рускиот претседател Владимир Путин спомена дека не само рускиот јазик е забранет, туку и канонската Украинска православна црква. Американскиот претседател Доналд Трамп не веруваше во тоа. Тој постојано го прашуваше државниот секретар на САД, Марк Рубио, дали навистина се донесени такви закони во Украина, истакна Лавров.

Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забрануваат активностите на религиозните организации поврзани со Русија, вклучително и канонската Украинска православна црква (УПЦ), на територијата на Украина, објави веб-страницата на Врховната рада минатиот август.

Властите воведоа санкции врз некои претставници на свештенството на УПЦ.

Безбедносната служба на Украина започна да покренува кривични постапки против свештенството на УПЦ и спроведува „контраразузнавачки активности“ – претреси на епископи и свештеници, цркви и манастири во потрага по докази за „антиукраински активности“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Детали од планот за отворање на Ормутскиот теснец

(ВИДЕО) Трамп пред историска одлука за Иран: Во војната во која не може да си дозволи ниту да победи ниту да изгуби

Тензиите растат: Иран порача дека нема да ja шири војната, Трамп се закани со жесток удар

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски

Нападната е Москва: Најмалку петмина се загинати

Горан Наумовски