Нови британско-шпански тензии околу Гибралтар

Од:

Шпански воен брод се обидел да принуди неколку комерцијални пловила да ги напуштат територијалните води околу Гибралтар, но по интервенција на британската Кралска воена морнарица го напуштил тоа подрачје, соопштија денеска гибралтарските автономни власти.

Инцидентот се случил кога шпанското воено пловило се обидело да ги принуди комерцијалните бродови вкотвени источно од Гибралтар, да ги напуштат британските територијални води, што тие го одбиле.

По ова, реагирала британска Воена морнарица, која распоредила свои бродови во регионот, по што шпанскиот воен брод отпловил долж брегот.

Во територијалните води на Гибралтар, што се наоѓа на југот на Пиринејскиот Полуостров, често доаѓа до тензии меѓу британските и шпанските бродови.

Лондон и Мадрид со децении спорат околу суверенитетот над Гибралтар, кој е под британска управа од 1713 година.

Гибралтар, кој е британска прекуморска територија со висок степен на автономија, има стретешко значење бидејќи се наоѓа на влезот од Атлантскиот Океан во Средозменото Море.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег