Тајландските безбедносни сили од денеска ја засилија контролата во јужната провинција Јала, откако само за време на викендот во истоимениот главен град на провинцијата биле регистрирани 39 експлозии од подметнати бомби. Полицијата соопшти дека имало 22 повредени лица, без посериозни последици.
Бомбашките напади во провинцијата Јала се резултат на верското нетрпение во оваа провинција во која муслиманското население е мнозинско, но власта и бизнисот ги контролираат будистите. Верските судири се интензивираа во 2004 година кога во терористички напади загинаа над 5.000 лица.
Безбедносните контроли полицијата најмногу ќе ги засили околу училиштата во кои денеска почнува новата учебна година.
Во над сто бомбашки напади минатата недела беа повредени 80 лица, од кои двајца потешко. Подметнувачите на бомби ги оставаат најчесто во фрижидери на продавници, а за време на викендов беа оштетени 26 трафостаници.