Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Од:

Идната германска влада најави дека ќе изврши притисок врз ЕУ конечно да покаже цврстина кон земјите кои не се однесуваат соодветно, пишува бриселски Politico, додавајќи дека најверојатно ова е алудира на унгарскиот „режим“ на Виктор Орбан.

Конзервативците на идниот премиер Фридрих Мерц и нивниот веројатен коалициски партнер од левиот центар, социјалдемократите, се согласија да побараат од ЕУ да ги задржат средствата и да го суспендираат правото на глас на земјите кои ги прекршуваат клучните принципи како владеењето на правото.

Иако Унгарија не се споменува по име, од договорот јасно се гледа дека таа се однесува на Унгарија, која со години е обвинета за кршење на демократските норми, ограничување на слободата на печатот и независноста на судиите.

Партиите кои освоија најмногу гласови на германските избори, ЦДУ на Мерц и СПД, во моментов преговараат за формирање влада и договор за основните принципи пред да ја преземат функцијата, а планот да се изврши притисок врз ЕУ поради земји како Унгарија е дел од нивните разговори за низа прашања, како миграциската политика, намалувањето на зависноста од јаглен и социјалните бенефиции.

„Постоечките инструменти, од задржувањето на средствата од ЕУ до суспензијата на гласачкото право во Советот на Европа, мора да се применуваат многу поконзистентно отколку досега“, се наведува во нацрт-договорот.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Трамп испрати сигнал дека е подготвен да ја заврши војната

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод